СОБРАНИЕ 16.06.2021
Врз основа на член 384 став 1 и член 387 став 3 од Законот за трговските друштва како и член 62 и 63 од Статутот на Акционерското друштво Раде Кончар-Апаратна техника-Скопје, со седиште на Булевар 3-та Македонска бригада бб, Одборот на директори на Акционерското друштво објавува

ЈАВЕН ПОВИК

За одржување на редовно Годишно Собрание на акционери на АД Раде Кончар-Апаратна техника-Скопје
 
Годишното Собрание на акционери на АД Раде Кончар-Апаратна техника-Скопје, ќе се одржи на ден 16.06.2021 година (среда), со почеток во 10,00 часот на отворено, на паркингот пред Управната зграда на Раде Кончар-Скопје, на Бул. Трета Македонска бригада бб - Скопје со следниот:

ДНЕВЕН РЕД

I. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ
1. Отварање на Собранието
2. Избор на претседавач на Собранието
3. Одредување на записничар - Нотар
4. Избор на тричлена верификациона комисија и бројач на гласови
5. Избор на тричлена комисија за тајно гласање 6. Извештај на верификационата комисија

II. РАБОТЕН ДЕЛ
1. Разгледување и усвојување на Годишниот извештај за работењето на Друштвото во деловната 2020 година и одобрување на работата на Одборот на директори на АД Раде Кончар-Апаратна техника-Скопје за деловната 2020 година.
- Годишен Извештај на Одборот на директори за работењето на Друштвото во деловната 2020 година
- Предлог-Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на Друштвото за деловната 2020 година и одобрување на работата на Одборот на директори за деловната 2020 година


2. Разгледување и усвојување на Годишната сметка за 2020 година.
- Предлог-Одлука за усвојување на Годишната сметка за 2020 година

3. Разгледување и усвојување на ревидираните финансиски извештаи за 2020 година.
- Ревидирани финансиски извештаи за 2020 година со Мислење од овластениот ревизор
- Предлог-Одлука за усвојување на ревидираните финансиски извештаи за 2020 година

4. Донесување на Одлука за распределба на добивката по годишна сметка за 2020 година.
- Предлог-Одлука за распределба на добивката по годишна сметка за 2020 година

5. Донесување на Одлука за утврдување на износот на дивиденда за една акција и утврдување на дивиденден календар
- Предлог-Одлука за утврдување на износот на дивиденда за една акција и утврдување на дивиденден календар

6. Донесување на Одлука за исплата на аванс на дивидендa.
- Предлог-Одлука за исплата на аванс на дивиденда.

7. Донесување на Одлука за избор на ревизор за ревизија на финансиските извештаи за 2021 година.
- Предлог-Одлука за избор на ревизор за ревизија на финансиските извештаи за 2021 година

8. Донесување на Одлука за стекнување сопствени акции со откуп.
- Предлог-Одлука за стекнување сопствени акции со откуп

9. Донесување на Одлука за отповикување и избор на членови на Одборот на директори.
- Предлог-Одлука за отповикување и избор на членови на Одборот на директори
Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на АД Раде Кончар-Апаратна техника-Скопје, должен е да го пријави своето учество , најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното собрание

Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да го извести акционерското друштво по писмен пат веднаш или најдоцна 2(два) дена пред одржување на закажаната седница за да може благовремено и точно да се евидентира. Акционер кој нема да го извести Друштвото за даденото полномошно ќе се смета дека не го дал полномошното. Податоци за начинот на овластување и испраќање на известувањата за полномошната и објаснување за начинот на гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет страница на акционерското друштво www.radekoncar-ad.com.mk
Напомена: Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерските друштва (Сл.Весник на РМ бр.248/2018 од 31.12.2018 година) се воведува обврска за полномошникот задолжително да ја извести Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија за намерата и причините за давањето на полномошната од повеќе акционери , во рок од 5(пет) работни дена пред одржување на Собранието на акционери, на начин утврден во Правилникот за критериумите за утврдување на заедничко дејствување согласно Законот за преземање на акционерските друштва (Службен Весник на Република Северна Македонија бр.53/19 од 11.03.2019 година).
Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред, согласно Статутот на друштвото и Законот за трговските друштва.

Согласно Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас, имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред.

Акционерите можат согласно Законот за трговските друштва да достават предлози за вклучување на една или повеќе точки во дневниот ред на собранието и/или да предложат одлуки за усвојување во рок од 8(осум) дена од денот кога е објавен јавниот повик за одржување на седницата на собранието.

Подетални информации за постапката за предлагање точки на дневен ред, поставување прашања односно предлагање одлуки може да се најдат на официјалната интернет страница на акционерското друштво www.radekoncar-ad.com.mk.
Особено внимание:

Поради прогласената Светска пандемија од Ковид-19, согласно препораките од Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19 и препораките на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија наведени во Соопштението за модификација на вообичаеното одржување на седниците на Собрание, со примена на учество по коресподентен пат, им се овозможува на акционерите и на полномошниците на акционери своето право на глас на Собранието, да го остварат со коресподенција согласно чл.400-а од Законот за трговските друштва, пред денот на одржување на Собранието. Гласањето со коресподенција ќе се врши на начин опишан во Информацијата во врска со гласање со коресподенција, достапна на официјалната интернет страна на Друштвото.

Материјалите за собранието , од денот на објавување на овој повик, ќе им бидат достапни на акционерите на интернет страницата на друштвото www.radekoncar-ad.com.mk, како и во Архивата лоцирана во кругот на друштвото секој работен ден од 10,00 до 13,00 часот
Напомена: По однос на точка 9 од Дневниот ред, предлозите за кандидати за членови на Одборот на директори се доставуваат во рок од 8 (осум) дена од денот на објавениот јавен повик, а податоците за предложените кандидати за членови на Одборот на директори треба да бидат доставени до Друштвото, преку архивата на Друштвото, со потребните податоци и биографии, најдоцна 7 (седум) дена пред одржување на собранието, за да им бидат достапни на акционерите, согласно чл.344 став 3 и 4 од ЗТД и чл.43 став 3 и 4 од Статутот на Друштвото
ОДБОР НА ДИРЕКТОРИ

Јана Стојкова Каневче, Претседател