СОБРАНИЕ 30.05.2025
Врз основа на член 390 од Законот за трговските друштва како и член 64 од Статутот на Акционерското друштво Раде Кончар-Апаратна техника-Скопје, а постапувајќи по предлог од акционерот ДОО Раде Кончар-Заеднички дејности-Скопје за дополнување на Дневниот ред на закажаната седница на Годишното Собрание на акционери на АД Раде Кончар-Апаратна техника-Скопје за ден 30.05.2025 година , со додавање на нова точка, Одборот на директори на Акционерското друштво го дополни Дневниот ред со нова точка под бр.13 односно го објавува следниот

РЕВИДИРАН ДНЕВЕН РЕД

I. ПРОЦЕДУРАЛЕН ДЕЛ
1. Отварање на Собранието
2. Избор на претседавач на Собранието
3. Одредување на записничар - Нотар
4. Избор на тричлена верификациона комисија и бројач на гласови
5. Избор на тричлена комисија за тајно гласање
6. Извештај на верификационата комисија

II. РАБОТЕН ДЕЛ
1.Разгледување и усвојување на Годишниот извештај за работењето на Друштвото во деловната 2024 година и одобрување на работата на Одборот на директори на АД Раде Кончар-Апаратна техника-Скопје за деловната 2024 година.
-Годишен Извештај на Одборот на директори за работењето на Друштвото во деловната 2024 година
-Предлог-Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на Друштвото за деловната 2024 година и одобрување на работата на Одборот на директори за деловната 2024 година
 
2.Разгледување и усвојување на Годишната сметка за  2024 година.
-Годишна сметка за 2024 година
-Предлог-Одлука за усвојување на Годишната сметка за 2024 година
 
3.Разгледување и усвојување на ревидираните финансиски извештаи за  2024 година.
-Ревидирани финансиски извештаи за 2024 година со Мислење од овластениот ревизор
-Предлог-Одлука за усвојување на ревидираните финансиски извештаи за 2024 година
 
4.Донесување  на Одлука за распределба на добивката по годишна сметка за 2024 година.
-Предлог-Одлука за распределба на добивката по годишна сметка  за 2024 година
 
5.Донесување на Одлука за утврдување на износот на дивиденда за една акција и утврдување на дивиденден календар.
-Предлог-Одлука за утврдување на износот на дивиденда за една акција и утврдување на дивиденден календар
 
6.Донесување на Одлука за исплата на аванс на дивиденда.
-Предлог-Одлука за исплата на аванс на дивиденда
 
7.Донесување на Одлука за избор на ревизор за ревизија на финансиските извештаи за  2025 година.
- Предлог-Одлука за избор на ревизор за ревизија на финансиските извештаи за  2025 година
 
8.Донесување на Одлука за стекнување  сопствени акции со откуп.
-Предлог-Одлука за стекнување  сопствени акции со откуп
 
9.Донесување на Одлука за измена и дополнување на Статутот на АД Раде Кончар-Апаратна техника-Скопје
-Предлог-Одлука за измена и дополнување на Статутот на АД Раде Кончар-Апаратна техника-Скопје
-Статут на Друштвото врз основа на кој се врши измената и дополнувањето
 
10.Донесување на Одлука за отпочнување на  изготвување на консолидирана Годишна сметка   и консолидирани финансиски извештаи.
-Предлог-Одлука за отпочнување на изготвување на консолидирана Годишна сметка и консолидирани финансиски извештаи .
 
11.Донесување на Одлука за отповикување и избор на членови на Одборот на директори.
-Предлог-Одлука за отповикување и избор на членови на Одборот на директори.
 
12.Донесување на Одлука за корекција на висината на месечниот надомест на неизвршните членови на Одборот на директори.
-Предлог-Одлука за корекција на висината на месечниот надомест на неизвршните членови на Одборот на директори

13.Донесување на Одлука за давање овластување без ограничување на Одборот на директори и извршниот директор на АД како застапници на содружникот АД Раде Кончар-Апаратна техника-Скопје во Собирот на содружници на ДОО Раде Кончар-Заеднички дејности, да учествува и да се произнесува во постапката за купопродажба на недвижен имот опишан во ИЛ 58529 КО Кисела Вода 2-Скопје.
- Предлог-Одлука од Предлагачот
Останатите одредби од Јавниот повик за Годишно Собрание на акционери на АД Раде Кончар-Апаратна техника-Скопје објавен на ден 28.04.2025 година , остануваат непроменети.
Со цел за поголема прегледност, подолу ги ре-објавуваме релевантните одредби од веќе објавениот Јавен повик
Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на АД Раде Кончар-Апаратна техника-Скопје, должен е да го пријави своето учество , најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното собрание.

Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да го извести акционерското друштво по писмен пат  веднаш или најдоцна 2(два) дена пред одржување на закажаната седница за да може благовремено и точно да се евидентира. Акционер кој нема да го извести Друштвото за даденото полномошно  ќе се смета дека не го дал полномошното. Податоци за начинот на овластување и испраќање на известувањата за полномошната  и објаснување за начинот на гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет страница на акционерското друштво www.radekoncar-ad.com.mk
Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред, согласно Статутот на друштвото и Законот за трговските друштва.
На акционерите и на полномошниците на акционери им се овозможува своето право на глас на Собранието поради спреченост за присуство , да го остварат со коресподенција согласно чл.400-а од Законот за трговските друштва, пред денот на одржување на Собранието. Гласањето со коресподенција ќе се врши на начин опишан во Информацијата во врска со гласање со коресподенција, достапна на официјалната интернет страна на Друштвото.

Материјалите за собранието , од денот на објавување на овој повик, ќе им бидат достапни на акционерите на интернет страницата на друштвото www.radekoncar-ad.com.mk, како и во Архивата лоцирана во кругот на друштвото секој работен ден од 10,00 до 13,00 часот
АД РАДЕ КОНЧАР-АПАРАТНА ТЕХНИКА

Одбор на директори на АД